Актерот Том Круз е еден од најпознатите и најбараните актери, а сите за него знаат дека ја поддржува Саентологијата.
Сите дами кои биле со актерот морале да се носат со правилата на Саентологијата, кои нималку не се лесни. Меѓу нив се Никол Кидман, како и неговата поранешна сопруга Кејти Холмс.
Сега после се на површина испливуваат детали кои покажуваат колку тој сурово се однесувал со жените. Така неговата последна сопруга актерката Кејти, не смеела да зема апчиња иако била во постпородилна депресија.
Исто така, тој признава дека сака се да контролира и дека неговата партнерка не смее да оди на психолог.
Имено, најчудното нешто што тој го бара е пораѓањето во тишина, па така со оглед на тоа дека Саентологијата не сака врева и бука, тој барал од Кејти да биде тивка при раѓањето на детето.
Тој барал во договор од сите жени по бракот со него да им е забрането јавно да се гледаат со друг маж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.