Муралот „Копнеење за мир“ на истакнатиот македонски уметник Борко Лазески, авторот на муралите што настрадаа во пожарот во скопската главна пошта, е атракција на главниот град на Мексико, Мексико Сити.
Ѕидната слика со огромни димензии, е насликана на еден од ѕидовите во халите на Музејот на технологијата во Мексико Сити и се посочува како атракција на Музејот на официјалната страница на Секретаријатот за туризам на главниот град на Мексико.
Музејот основан во 1970 година, како музеј фокусиран на електричната енергија. Од 2000 година, поставката е конципирана како интерактивна. За време на разгледувањето, посетителите можат да експериментираат со основните принципи на науката и технологијата, преку интерактивни алатки што им се достапни низ просториите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






