Венко Филипче, министерот за здравство најави нова позитивна листа на лекови на која ќе се најдат и најспаките лекови.
– Сакаме да се подобри здравствената регулатива и тендерите за набавка на лековите да се распишуваат за подолг период наместо една година, како и да се распишуваат одреден период пред новата набавка, за никогаш повеќе да не се повтори ваква криза. Моментално нема инсулинска криза благодарение на донацијата од една фирма производител и ве уверувам дека ќе направиме се повеќе да не се случи таква криза – изјави Филипче.
Во врска со паралелниот увоз на лекови, Филипче рече дека веќе се разговара со Министерството за информатичко општество и администрација да се измени законот за паралелен увоз и да се воведе сертификат за квалитет, како и систем за следење, за да се знае која доза лек каде завршила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.