Виетнамски суд осуди 15 лица на затворска казна во траење меѓу пет и 16 години, под обвинение за планирање терористички напад врз најголемиот аеродром во јужниот град Хо Ши Мин.
Лица се осудени под обвинение за „тероризам против народната власт“.
Виетнамската полиција го спречила планираниот напад, откако патници на аеродромот „Тан Сон Нхат“ забележале картонски кутии во кои биле поставени експлозивни направи.
Судот посочи дека обвинетите дејстувале по инструкции на странски групи.
Согласно законите во Виетнам, за терористички активности може да биде и одредена и смртна казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.