На 26.12.2017 година во 14.00 часот С.И. (56) од Скопје пријавил дека истиот ден, во временски период од 10.15 до 10.25 часот, на ул. „Жан Жорес“ од страна на непознат сторител му било извршено неовластено навлегување во компјутерски систем.
Сторителот, со изгубената дебитна картичка на С.И., неовластено повлекол парични средства од банкомат во износ од 93.950 денари. Изгубената картичка била во плик во кој го имало и ПИН кодот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.