| четврток, 6 декември 2018 |

Жителите реагираат: На улицата „Јуриј Гагарин“ владее сообраќаен хаос!

Ниту има каде да се паркира, ниту како да се излезе и влезе на паркингот за резидентите, реагираат жителите од улицата „Јуриј Гагарин“ кои секојдневно се соочуваат со сообраќајниот хаос на улицата каде живеат.

Двонасочната улица „Јуриј Гагарин“ во Карпош е претворена во паркиралиште, а како што коментираат жителите на овој дел од Карпош, во работните денови, иако и за викендите се случува возилата да им останат заробени од несовесни возачи кои „се паркирани само за кратко“.

 

– Како што може да се види во секој ден од неделата, коли има од двете страни на улицата, па често се случува да се создаде метеж и по десетина – дваесет минути да не може да излеземе од паркингот, ниту да се разминеме. Девете ленти се стеснети со максимум, па треба да си навистина многу внимателен за да не ја изгребеш колата при разминување. Улицата не е паркиралиште, но овде надлежните никако да го решат проблемот. Пајаците гледаме дека работата со засилено темпо низ целиот град, но тука на ова место никогаш не се реагира, реагира жител на улицата кој вели дека се случувало и да задоци на работа заради сообраќајниот хаос кој владее на оваа улица.

Инаку, оваа улица е под надлежност на општина Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top