Народната банка издаде и пушти во оптек четири вида на ковани пари за колекционерски цели: „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“, „Тркало на среќата“, како и „Јарец“ и „Водолија“ од серијата „Хороскопски знаци“.
Кованата пара „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“ е изработенa од сребро, со тежина на среброто од 31,1 грам, чистота на среброто од 28,77 грама и е во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 милиметри. Нејзината цена изнесува 3.800 денари.
Кај кованата пара „Тркало на среќата“ на аверсот, во средината на монетата е претставен грбот на Република Македонија, додека пак реверсот на монетата има облик на старо колско тркало. Во средината е претставена копија од реверсот на златната римска монета ауреус со божицата Фортуна Августа со натписите: „Фортуна“ и „Августа“. Околу монетата е претставен натписот: „Тркало на среќата“ (на англиски и на руски јазик). Оваа кована пара е изработена од сребро, со тежина на среброто од 11,80 грама, чистота на среброто од 11,80 грама и во кружна форма со димензија 35 милиметри. Цената изнесува 2.400 денари.
Кованите пари „Јарец” и „Водолија“ се од серијата „Хороскопски знаци“, изработени се од сребро и имаат иднетични димензии. Тежината на среброто е 23,30 грама, изработени се во квадратна форма со димензии 37 х 37 милиметри, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 милиметри. Имаат и идентична цена односно чинат 2.800 денари.
Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.