Народната банка на Република Македонија издаде и пушти во оптек комплет ковани пари за колекционерски цели „Триптих“. Комплетот го сочинуваат ковани пари насловени „Исус Христос“, „Богородица“ и „Св. Никола Чудотворец“. Изработени се од сребро и се во форма на правоаголник.
На аверсот, во централниот дел од монетите е прикажан грбот на Република Македонија и натписите: „10 денари“ и „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и годината на издавање „2017 година“. Околу грбот има украс по должината на периметарот. На реверсот, во централниот дел од монетите, се прикажни портретите на Исус Христос, Богородица и на св. Никола Чудотворец.
Цената на комплетот ковани пари „Триптих“ изнесува 4.500 денари.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.