| четврток, 6 декември 2018 |

Учениците ги имале екстерните тестови – си ги споделувале на Фејсбук

Прашањата од тестот по македонски јазик, за трета година гимназиско образование, според учениците, не се единствените кои биле пробиени неколку дена пред екстерното оценување. Преку социјалните мрежи ги добиле и тестовите по физика, хемија и биологија, и тоа за прва и трета година. Тврдат дека надлежните институции биле навреме информирани за ова, но дека не превзеле ништо, пренесува Телма.

Во Државниот испитен центар ги отрфлија овие обвинувања како неточни, посочувајќи дека пробивањето на тестовите е невозможно. Полагањето веќе заврши, а и овие прашања не се веродостојни ни по содржина, ниту по формата, изјави за Телма, Благица Ласовска од Државниот испитен центар.

Директорите на училиштата не сакале да ги коментираат тврдењата на дел од учениците за пробивање на тестовите, иако оставаат  простор за сомнеж. Им било чудно, што средношколците завршиле со решавањето на тестовите по македонски, физика, хемија и билогија за само 15 минути, а особено биле изнадени  кога подеднакво брзо одговориле на прашањата  и учениците со ниски оценки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top