| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за крвавиот инцидент во возило на ЈСП: Момче прободено со нож на горниот кат во автобус број 57 (видео)

Седумнаесет годишно момче е повредено при тепачка во автобус на ЈСП со број „57“ денес околу 14:30 часот, информираат од МВР за Курир.

Според информациите на полицијата, на горниот кат во автобусот дошло до тепачка меѓу две групи на малолетници во која прободен со нож бил 17 годишник.

Повреденото момче е пренесено во Ургентниот центар.

Напаѓачот избегал по крвавиот настан, а од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Видео од инцидентот може да погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top