| четврток, 6 декември 2018 |

Сан Антонио ја пристигнува Оклахома

Екпата од Тексас има шест победи по ред и сега е на само еден триумф од Тандерс

Со шестата победа во серија остварена  против Њу Орлеанс од 106-102, Сан Антонио (34-11) го мина ЛА Клиперс (32-11) и безмалку се изедначи со Охлахома (33-10), особено што Тандерси загубија кај Голден Стејт со 104-99. Кевин Дурнат повторно беше одличен со 33 коша, но Расел Вестбрук потфрли само 10 поени.

Ноќешната НБА програма беше пребогата и содржеше 11 средби. Издвојуваме уште неколку меча.

Леброн Џејмс со 31 поен го водеше Мајами до триумф во продолжение со Торонто 123-116, Џош Смит даде 30 коша во успешното гостување на Атланта кај Шарлот 104-92, но Коби Брајант со 29 реализации повторно не му помогна на Лејкерс кој загуби кај Мемфис 106-99, патем на подолго го загуби Двајт Хауард кој поради повреда на рамото ќе мора да отсуствува засега неутврден број натпревари.

Еве ги останатите резултати:

Чикаго – Детроит 85:82

Хјустон – Денвер 95:105

Минесота – Бруклин 83:91

Јута – Вашингтон 92:88

Сакраменто – Феникс 106:102

Портланд – Индијана 100:800

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top