– Им благодарам на сите што се затекнаа и помогнаа на моето синче, најмногу на Драган Бјелогрлиќ, кој нашиот Лав веднаш го однесе во Тиршово, инаку ќе искрвареше и ќе го изгубевме!
Со овие зборови се заблагодарува Весна Томиќ, мајката на Лав (11) кому стаклото од влезната врата му ја пресече артеријата на раката, а му помогна славниот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ.
Имено, Лав и неговиот брат, близнак Ванја во петокот околу 13 часот тргнале во училиште кон дома по улицата „Светозар Марковиќ“.
– Лав остана да ја заклучи влезната врата, а јас бев малку подалеку. Ме викаше, раката му беше крвава, раскажува Вања со поглед спуштен надолу.
Искршени црвени парчиња стакло испаднале од влезната врата која ја зградата во дворот од главната зграда и на Лав му ја расекле раката. Вања веднаш притрчал да му помогне и го одвел во блиското кафуле да побара помош, пред децата најпрвин се нашла нивната сега веќе поранешна учителка Јелена Николиќ.
– Слушнав детски врсок , се свртев и ги видов моите поранешни ученици. Вања беше целиот со крв и Лав кого некоја жена го фаќа за рака, а од раната шика крв. Го внесовме Лав во кафулето, а на жената која се претстави како докторка и го дадов мојот шал за да му ја стегне раката со него. Ми рече да не му дозволувам да заспие. Детето ме слушаше, реагираше на мојот глас. Ужаснп многу крв прскаше на сите страни, вели учителката Јелена.
Веќе поминаа 15 минути, а Брза помош не успеваше да се пробие до кафулето во кое се случуваше драмата.
– Излегов пред кафулето каде Вања плачеше. Ми рече дека брат му ќе умре.. Се свртев и на влезот од кафулето на вратата видов дека стојат актерите Драган Бјелогрлиќ и Гордан Кичиќ. Во истиот момент излезе докторката со Лав и рече дека нема повеќе вре.е, раскажува Јелена.
Прашањето на чија одговорност ќе се вози детето во болнице повеќе немаше слисол да се поставува.
Драган рече: Мене не ми паѓа на памет да чекам Брза помош, ние го губиме детето. Во автомобилот влегоа Лав, лекарката некоја жена и тој, вели Јелена со која останал Кичиќ, кој се обидувал да го утеши Вања.
Мајката Весна целосно избезумена веќе била кај Цветниот плоштад кога автомобилот на актерот застанала пред неа.
– Си го видов детето, а неговара црвена завиткана рака некоја непозната жена ја држеше во воздух стегајќи ја со сета сила. Лав полека паѓаше во некој вид делириум. Бјелогрлиќ не возеше во Тиршово, нас сите неопзнати луѓе, а воопшто не бевме негов проблем. Кога стигнавме таму излета од автомобилот, влета на шалтер и рече: Морате ова дете веднаш да го погледнете. Со погледот порача: Јас не знам повеќе како да помогнам, кажете ми како уште можам да помогнам. Не можам да ви објаснам, вели мајката Весна за „Блиц“.
Персоналот во Тиршово реагираше брзо.
– Лав веднаш беше однесен во сала. Ја расекол артеријата од лакотот до дланката на левата рака се до коската. раката веќе му била посинета. Лекарот ни рече дека ако поминеле само уште 5 меинути, тој немало да преживее, би изгубил премногу крв, вели Весна.
Лекарите им рекле дека раната е санирана и веруваат дека младиот организам ќе успее да се опорави.
– Нивната хуманост го спаси моето дете. Тие луѓе кои се најдоа токму во тој момент на тоа место…Учителката на Лав, непознатата лекарка и над се, Драган Бјелогрлиќ кој го возеше моето дете до болница. Да чекаа да дојде Брза помош, ќе го изгубевме Лав, додава Весна.
Пред ваква сцена многумина исплашени би останале здрвени од страв, но Бјелогрлиќ реши да помогне, раскажуваа соседите.. Но скромниот актер само кусо искоментира:
– Ќе речам само дека такви работи се случуваат. Сметам дека секој нормален би постапил на ист начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.