Поранешниот Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев, во својата изјава го коментираше првиот ден од вонредниот конгрес на партијата.
-Дискусиите беа многу коректни, во насока на тоа што треба партијата да превземе во наредниот период, да биде подобро организирана, зајакната со дополнителни ресурси како што доликува на една квалитетна опозиција, која што ќе биде алтернатива за замена на власта.
Тој во својата изјава кажа дека конгресот и денес продолжува со својата работа.
-И минатиот конгрес имаше отсуство на делегати, веројатно самите делегати најдобро можат да кажат зошто не се присутни, согласно актите на партијата конгресот можеше активно да работи и продолжува со работата.
Димитриев кажа дека наредното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во иднина треба со најголема сериозност да ги земе размислувањата на видните членови на партијата кои јавно изразија незадовлство пред конгресот.
-Моите размислувања се дека сите размислувања јавно изразени ставови и мислења треба да бидат земени во обзир, бидејќи тие се кажани во насока за што подобро функционирање на партијата, се кажани од луѓе кои не се случајно во партијата и мислам дека во наредниот период новото раководство ќе ги земе со најголема сериозност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.