| четврток, 6 декември 2018 |

Исклучените од парно нема да плаќаат паушал

Владата денеска информира дека домаќинствата кои се исклучени од централното греење во Скопје, во наредната 2018 година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот кој во моментов го исплаќаат.

Од Владата наведуваат дека овој проблем е предвидено да биде решен во рамките на новиот предлог-закон за енергетика.

– Во подзаконските акти на Законот за енергетика кој ќе се воведе во текот на 2018 година се предвидени специфични решенија со кои во рамките на законската регулатива ќе се реши оваа наследена ситуација – велат од Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top