Судбината на актерот Срѓан Жика Тодоровиќ му наменила тешко бреме. Неговиот тригодишен син Дејан заспа и веќе не се разбуди. Ништо не укажувало на оваа трегедија. Жика и неговата сопруга Ана се скршени. Но ова не е прва трагедија на Жика. Тој пред три години остана без татко му, актерот Бора Тодоровиќ, кој исто така почина ненадејно, а минатата година во август почина и неговата тетка, големата драмска актерка Мира Ступица.
Денот на актерот Жика Тодоровиќ и неговата сопруга завчера бил сосема обичен. Неговиот син Дејан бил болен, пиел антибиотик и поради тоа го носеле на контрола. Околу пет часот легнал да спие. Мајка му Ана се обидувала да го разбуди, но безуспешно.
И смртта на актерот Вора Тодоровиќ кој почина на 7 јули 2014 гоидна, била ненадејна. Непосредно пред смртта тој го оперирал слепото црево, а за време на заздравувањето, му се слошило и паднал во кома. Пред операцијата на слепо црево, овој голем актер е виден на многу манифестации и ништо не укажувало дека има здравствени проблеми.
На Бора таа година најголема желба му била да стане дедо, што и му се остварило на почеткот на мај, кога на свет дошол Дејан. Тој не ја криел радоста што неговиот син станал татко. Сепак не доживел ниту неговиот внук да наполни три месеци.
Тетка му пак, Мира Ступица, почина во август минатата година во 93 година. Околу три часот по полноќ, Ступица претпрела мозочен удар. Оперирана е, но не успеала да се опорави.
Трите смртни случаи за три години се силен удар за Жика Тодоровиќ. Неговата сопруга Ана низ солзи открила дека тие никогаш нема да се опорават од губитокот на детето за кое живееле.
-Ова е претежок ден во мојот живот. Толку многу сакавме да го добиеме. Му го посветивме животот, се му беше нему подредено и не можам да престанам да плачам бидејќи нашиот Деки веќе го нема. Тој ни беше и ноќ и ден и среќа и живот. Се што имавме – рекла Ана Тодоровиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.