Срѓан Жика Тодоровиќ првпат се појави во јавноста после големата семејна трагедија, за да ја прими наградата на филмските критичари и новинари за најдобар актер во минатата година.
-Главно добивав награди од колеги, а ме интересира да прочитам во весниците критика за себе и мојата работа, сакам кога е афирмативно.Затоа ова награда ми значи – рекол Тодоровиќ на доделувањето на наградата.
Тој наградата ја доби за улогата во филмот „Бесно куче“.
На Жика пред два месеца пред неполни два месеца во сон му почина тригодишниот син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.