Замисли да добиеш на лотарија. АЈ сега замисли да добиеш два пати за два дена. Тешко? Не и за Кери Колинс од Вашингтон. Откако на „грепка“ добил 55 илјади долари, следниот ден успеал повторно да „изгребе“ 200 илјади долари.
61 годишникот не е единствен среќлија на лото. Извесен Ѓорѓи Трајков, Бугарин кој живее во британскиот Есекс во 2011 освои милион фунти на Евро-лотаријата, а годинава добил над 160 илјади фунти.

Веројатноста вели дека повторна добивка е можна во сооднос 1 спрема 438 милиони.
Но најдобар пример за „двојна добивка“ е брачниот пар Вивер од Арканзас кои во aприл годинава во ист ден освоија две награди- Стивен милион долари, а сопругата Тери 50 илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


