Али Ахмети во вчерашното гостување на Клик Плус на ТВ 21, Алијанса за Албанците ја нарече несериозна партија која има само двајца пратеници и со тоа даде јасни сигнали дека не очекува повеќе да биде дел од владината коалиција.
Симптоматичен е и бројот на пратеници кои Ахмети го истакна, бидејќи на изборите во декември коалицијата на трите партии во Алијансата доби тројца пратеници. Тоа значи дека пратеникот од РДК, Весел Мемеди веќе и официјално е пред излез од коалицијата на Алијансата од собраниските клупи. И двајцата пратеници на ДПА се сè поблиску до владеачкото собраниско мнозинство.
Односите меѓу Ахмети и Села пламнаа за време на локалните избори кога ДУИ и Алијансата се бореа меѓусебе за градоначалнички места и искажаа тешки зборови еден за друг во жарот на кампањата. Тоа ги комплицираше односите во Владата, со што испразнето место во Министерството за здравство остане празно неколку месеци.
Од вчера и официјално Владата за министер за здравство го предложи Венко Филипче, како кандидат на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Али Ахмети: Избрани сме да носиме храбри и важни одлуки, а не да калкулираме
-
„Опомени“ за Османи и Ахмети за слабата излезност преку СЈО?
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
Ахмети-Курц: Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех