| четврток, 6 декември 2018 |

Во Србија регистрирани 575 случаи на мали сипаници

Од октомври до денеска во Србија се регистрирани вкупно 575 случаи на морбили, од кои 179 се лабораториски потврдени во институтот „Торлак“, соопшти Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Најмладиот пациент е на возраст од два месеци, а најстариот има 60 години.

Вкупно 90 проценти од болните се невакцинирани, не биле реимунизирани или не е познато дали се вакцинирани, се наведува во соопштението на Институтот за јавно здравје. Од заболените, 65 лица доживеале тешки компликации како што се пневмонија.

Епидемијата на мали сипаници на територијата на Косово каде има претежно српско население се појави на 23 октомври, и до 20 декември биле регистрирани 248 заболени.

На територијата на Србија во моментов се врши вакцинација на сите невакцинирани или реимунизирани на возраст од 12 месеци до 14 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top