Фотографија од девојче како пие вода од бара на земја предизвика гнев низ Јужна Америка.
Фотографијата која во последните денови стана вирална на социјалните мрежи е направена во сиромашниот аргентински град Посадас на североистокот на земјата.
Девојчето просело на улица заедно со други деца, а потоа се наведнало да се напие вода од баричка на земјата. Фотографијата ја направил Миге Риос, активист на локалната канцеларија на УНИЦЕФ.
– Додека земјата гори, ова мало девојче пие вода од тлото. Правиме нешто погрешно, зар не? – пишува Миге. Фотографијата, како што тврди, ја објавил за да укаже на проблемите во ова сиромашно гратче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.