Денеска во Хаг ќе биде одржана официјална церемонија на затворање на Меѓународниот суд за поранешна Југославија кој беше основан во 1993 година.
Трибуналот официјално престанува со работа на први јануари 2018 година. Во текот на 24 годишната работа беа процесуирани над 160 обвинети, кои добија над илјада години затвор. Трибуналот зад себе остава милиони документи од предметите кои ги водеше, а кои ги сакаат земјите од регионот чии граѓани беа во постапките.
Хашкиот трибунал беше осонован со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации заради гонење на сторителите на воени злосторства на територијата на поранешна Југославија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хашкиот трибунал престанува со работа: Почна битката за 10 милиони документи
-
Режисер со три факултети: Кој е Слободан Праљак, човекот кој се отру пред Хашкиот трибунал
-
Радован Караџиќ за годините во бегство и како стана доктор Давид Дабиќ: Ги гледав додека ме бараа
-
Последната битка на командантот Младиќ: Сакам да почивам покрај Ана