Според информациите на црногорскиот ракометен портал, „Handball.me“, ракометарот на Вардар, Вуко Борозан доживеал сообраќајна незгодна и излетал од замрзнат пат додека управувал со својот автомобил.
Борозан е надвор од животна опасност, имал полесни повреди на телото, но се стекнал со повреда на мускулот на задната ложа на десната нога и неофицијално мора да мирува два-три месеци.
Повеќе информации се очекуваат деновиве, кога ќе биде извршена магнетна резонанца на повредената нога. Црна Гора, чиј главен адут е Борозан, се наоѓа во група со македонската репрезентација, Словенија и Германија во група во Загреб.
Левиот бек на Вардар и првата ѕвезда на Црна Гора доживеал сообраќајна несреќа во близина на Цетиње, кога неговиот автомобил излетал од замрзнатиот пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


