| четврток, 6 декември 2018 |

Вуко Борозан доживеал сообраќајна незгода

Според информациите на црногорскиот ракометен портал, „Handball.me“, ракометарот на Вардар, Вуко Борозан доживеал сообраќајна незгодна и излетал од замрзнат пат додека управувал со својот автомобил.

Борозан е надвор од животна опасност, имал полесни повреди на телото, но се стекнал со повреда на мускулот на задната ложа на десната нога и неофицијално мора да мирува два-три месеци.

Повеќе информации се очекуваат деновиве, кога ќе биде извршена магнетна резонанца на повредената нога. Црна Гора, чиј главен адут е Борозан, се наоѓа во група со македонската репрезентација, Словенија и Германија во група во Загреб.

Левиот бек на Вардар и првата ѕвезда на Црна Гора доживеал сообраќајна несреќа во близина на Цетиње, кога неговиот автомобил излетал од замрзнатиот пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top