| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕиас: Новото име ќе биде прифатено и од ОН и од земјите кои ја признале државата под сегашното уставно име

Шефот на грчката дипломатија, во интервју за државната ТВ ЕРТ, не ги откри директно грчките преговарачки позиции, но индиректно објасни кои се барањата на Атина во однос на спектарот на употреба, јави Канал 5.

– Треба да имате на ум дека ние имаме силна преговарачка позиција наспроти нив во однос на НАТО и Европската унија, но тие имаат 142 признавања од трети земји и ако го погледнете странскиот печат, ги нарекуваат Македонија. Според тоа каков компромис и решение да направиме, ќе ја надмине денешната многу негативна употреба на името. Сите во ОН се обврзани дека договорот што ќе го постигнеме ќе се прифати и ќе се користи од ОН. И сите држави што ги имам разгледано, ги немам разгледано сите, во договорот што го склучиле со ФИРОМ со уставното име, велат дека ова признавање е до моментот кога ќе постои договор меѓу таа држава и грчката, кој што договор, кое што име ќе го прифатат. Ова е еден силен мотив за нас за компромис – изјави Никос Коѕиас, министер за надворешни работи на Грција.

-Не може во личната карта да стои едно, а во пасошот друго име – рече Коѕиас, говорејќи во улога на академик, а не министер, во однос на употребата на името.

Тој потенцираше дека во овој момент нема конкретен предлог на преговарачката маса, но рече дека Нимиц на средбата во Брисел ги подредил теми што се предмет на разговор. Дообјасни и каде треба да биде позиционирана придавката во сложеното име.

– Господинот Нимиц не достави имиња, не достави ниедно име на преговарачката маса. Власта на пријателската северна земја, нема ставено никакво име на маса. Само во некој момент размислуваат да стават една придавка пред Република, кое како што им кажав, да ставиш придавка пред државата го одредува политичкиот систем, не го одредува карактерот на земјата – изјави Коѕиас.

Во однос на барањето на Каменос да се свика лидерска средба под палката на претседателот, Коѕиас рече дека тоа е интересно размислување, но е одлука на претседателот по барање на премиерот.

Шефот на грчката дипломатија, уште еднаш порача дека Македонија не може да стане членка на НАТО без претходно да постои решение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top