| четврток, 6 декември 2018 |

Син со летва си ги претепал родителите

bezbol palica

Четириестгодишен жител од Старо Нагоричане поради расправии за имотно-прави односи со своите родители, побеснил и кршејќи ја влезната врата од нивната семејна куќа, влегол и со летва ги претепал. И таткото и мајката се задржани во кумановската болница.

Според МВР, вчера околу 23.30 часот, во село Бајловце, општина Старо Нагоричане, И.Д.(40) насилно ја отворил влезната врата од куќата на неговите родители М.Д.(59) и Д.Д.(65), со кои имал нерасчистени имотно-правни односи, по што со дрвен предмет физички ги нападнал истите, нанесувајќи му на таткото М.Д. тешка телесна повреда во пределот на грбот, додека на мајката Д.Д. телесна повреда. Повредените се пренесени во Медицинскиот центар во Куманово за укажување лекарска помош и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top