Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против С.А. (27), С.А. (27) и В.К.(37), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба“ во обид.
МВР информира дека С.А., С.А. и В.К. во 10 наврати, во периодот од 7 август до 2 ноември извршиле тешки кражби во цркви во селата Агларци, Далбеговци, Дедебалци, Беранци, Лознани, Новоселани, Вашарејца, Трап и Новаци на подрачјето на општините Битола, Новаци и Могила.
Тројцата пријавени, кражбите ги вршеле групно. Со употреба на сила и погоден алат ги кршеле катанците, ги отворале влезните врати од црквите и влегувале внатре. Тие, во црквите најчесто одземале пари, но и бакарни предмети кои се користат за крштевање, продолжни кабли, златни ланчиња и друго. Со овие дејствија, пријавените предизвикале вкупна материјална штета од 126.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.