| четврток, 6 декември 2018 |

„Узенгија“ ги носи најмладите на училишната филмска авантура „Помош, ја смалив наставничката“ во кината

Училишната филмска авантура „Помош, ја смалив учителката“ за 11-годишниот Феликс, на кој никој не му верува дека ја „смалил“ неомилената директорка на училиштето, од денеска се прикажува во кината низ Македонија во дистрибуција на „Узенгија“. Режијата е на Свен Унтервалт Јуниор и трае 90 минути.

Дури ни самиот Феликс не знае како ја смалил директорката на само 15 сантиметри и дали има некаква врска со духот на основачот на училиштето. Тој сега има голем проблем за средување бидејќи минијатурната директорка се наоѓа во неговиот ранец каде се уште се расправа и го кара. Заедно со неговата директорка Ела и против ривалот Марио и неговиот татко, Феликс мора да се обиде да ја врати директорката во оригиналната големина. Ако само престане да досадува!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top