„Бит-фест“ на едно место обединува и поддржува десетици помали летни фестивали како дел од соработката како со националните културни институции од Битола, така и со независната културна сцена.
Како вовед во „Бит-фест“, утре почнува фестивалот на музиката „Солстис“, а на 25 „Бит-фест“ свечено ќе биде отворен со концерт на Раде Шербеџија и „Западни Колодвор бенд“ во Хераклеја од 21 часот.
– Ќе почнеме со познатиот актер од поранешна Југославија, за постарите генерации познат, но човек со име и презиме од светски размери – Раде Шербеџија, кој ни доаѓа на 25 и во Хераклеја ќе настапи со познатите содржини со кои настапува насекаде по светот. Раде Шербеџија – светскиот актер кој потекнува од овие балкански простори, интернационална филмска актерска ѕвезда која ќе нѐ почести да го отвориме „Бит-фест“ заедно. На 24 август ќе завршиме со една многу интересна содржина: Мадригали се потсетува на своите добри славни времиња, но во својата програма го носи Дадо Топиќ – едно исклучително име од музиката. Меѓу останатите ни доаѓа Влатко Стефановски со Мирослав Тадиќ, кои ќе направат прекрасен концерт и новина ќе биде она што го правиме со народниот театар од Битола – Шекспир фестивалот – изјави Градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.
Како дел од соработката со фестивалот „Актерот на Европа“ во Битола ќе гостува големото актерско име од Шведска, Ана Петерсон со театарската претстава „Госпоѓица Јулија“, познатиот диџеј Мајкл Греј од Лондон, уметници од Грција, Хрватска, Бугарија, Србија, Франција, Словенија, Унгарија, Финска, Данска, Нов Зеланд, Канада, САД, Шведска, Норвешка…
„Бит-фест“ дава простор за настап како на реномирани уметнички имиња, независни артисти и здруженија, како и познати и популарни домашни и светски изведувачи. Оваа година вкупно 21 содржина од класична музика, 10 содржини со етно, џез, амбиентална музика, 31 содржина рок, поп, хип-хоп, електорнска музика, 25 театарски претстави, 21 промоции и поетско книжевни настани,12 филм и мултидемија, 20 изложби, 14 фолклорни манифетации, 13 социокултурни настани, 4 мода и култура на живеење, 9 детски програми, 12 фестивалски манифестации, 10 продукцииски проекти или околу 202 програми, а далеку поголем број изведби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.