| четврток, 6 декември 2018 |

Две момчиња претепани на паркинг во Влае: Им ги отвориле вратите од колата и почнале да ги удираат

Две момчиња се повредени во возило на паркинг во Скопје, откако непознати лица ги отвориле вратите на возилото и физички ги нападнале.

Случајот вчера во полиција во Ѓорче Петров го пријавил А.М. (22), кој посочил дека дента околу 13:30 часот додека бил во возило на паркинг простор на улицата „Есперанто“ заедно со неговиот 16-годишен другар се доближила поголема група на лица кои им ги отвориле вратите од возилото и физички ги нападнале, удирајќи ги со боксови и нозе во пределот на лицето и телото.

Од извршениот физички напад двајцата се здобиле со видливи повреди во вид на црвенило и оток по лицето и телото. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top