| четврток, 6 декември 2018 |

Плоштадот во Велес е целосно уреден

Заврши поставувањето на урбаната опрема на плоштадот Којник, а со тоа заврши и целиот проект за реконструкција и уредување на местото кое е едно од знаменитостите на Велес

kojnik veles

Градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев, и претседателот на Советот, Александар Колев, беа во посета на плоштадот „Којник“ и на самото место се запознаа со новиот лик на овој дел од градот. Градоначалникот истакна дека Којник заслужува да има еден современ и препознатлив лик за нашиот град.

– Со оглед на традицијата што ја има и по тоа што Којник е опеан во многу песни, сега претставува едно пријатно катче за граѓаните. Во наредниот период планираме да ги средиме и останатите плоштади и плоштатки, особено оние во стариот дел на градот, кои имаат големо историско значење – истакна градоначалникот Славчо Чадиев.

Инаку, изминатиов период е извршено поплочување со бекатонски елементи на целокупната површина. Од неодамна е поставена и нова урбана опрема, клупи, жардинери, цветен аранжман, канделабри за осветлување, а овие денови ќе биде поставена и реконструираната чешма. Средствата во висина од 2.000.000 денари се предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште, а истите се обезбедени од буџетот на Општина Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top