Најновите информации за нередите во Беград ги донесува „Јутарњи лист“ кој повикувајќи се на извори блиски на истрагата наведува дека причината за предизвикување на масовната тепачка лежи наводно во неисплатените провизии договорени при трансферот на двајца фудбалери на „Партизан“ во Серија А!
Како што е наведено, шестмина државјани на Хрватска стигнале во Белград за да предизвикаат нереди за што добиле 150.000 евра?!
Состанокот бил организиран кон крајот на минатата недела во еден белградски хотел, стои во текстот на хрватскиот портал со напомена дека добиените информации не можеле да ги потврдат ни српската ниту хрватската полиција бидејќи истрагата е во тек.
Како крајна цел на инцидентите е наведена дека било тоа што црно-белите секако се под лупа на УЕФА, па во случај на најмал инцидент на идните натпревари во европската лига би следеле најверојатно повеќегодишна суспензија од еврокуповите, шти бу ги здрмало тимот.
Во заклучокот е поставено прашањето дали оваа акција ја пропуштиле српската и хрватската полиција со оглед на тоа дека станува збор за лица кои имаат дебели досиеја во полиција.
Како и дали УЕФА ќе го земе ова како отежнувачка околност за „Партизан“ при донесувањето на одлуката најавено за 5 јануари поради „расистички пораки“ во текот на натпреварот со „Јанг Бојс“, ќе видиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.