| четврток, 6 декември 2018 |

Симон Трпчески промовира македонски автори во Британија

симон трпчески
Македонскиот пијанист Симон Трпчески продолжува да го претставува македонското музичко творештво и неговите автори пред публиката на престижните светски сцени.
Со музичари од Симфонискиот оркестар на Бирмингем изведе дела од македонскиот композитор Благој Цанев.
– Многу ми е мило што по претставувањето на нашиот композитор Благој Цанев во Норвешка и во Аспен (САД) во текот на минатата година, сега прв пат во Англија, односно во Бирмингем, се изведоа две негови дела. Станува збор за „Фолклорните канони“ во ансамбл за виола, кларинет и пијано, како и неговата позната „Соната во ЕС“ за кларинет и пијано“ – изјави Трпчески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top