Полицијата поднесе кривични пријави против едно лице од кумановското село Лопате и едно лице од Куманово, за кои постои основано сомнение дека се сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанциии и прекурзори”.
Како што соопшти СВР – Охрид, пријавените кон крајот на минатата година набавиле поголема количина опојна дрога хероин и во изнајмена куќа во Охрид, вршеле нејзино препакување во помали количини запакувани во најлонски паковки. Препакувана, понатаму ја продавале на повеќе наркозависници од регионот.
При извршен претрес во изнајмената куќа бил пронајден дел од хероинот, како и извесна количина кофеин-медикамент, кој влегува во групата на стимуланси, а на илегалниот пазар се користи како додаток во хероинот со цел да се зголеми неговата маса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.