| четврток, 6 декември 2018 |

Последната вечера на генералот: Ким го погуби најмоќниот човек во државата

Хванг-Пјонг-со, еден од најблиските соработници на Ким Јонг Ун не е виден со месеци во јавност, а сега се појави информација дека севернокорејскиот водач го погубил.

Командантот на воено-политичкото биро наводно исчезнал во рамките на „чистењето“ на моќните воени фигури, бидејќи Ким Јонг Ун сака да го намали влијанието на војската во политиката.

Токму поради својата позиција Хвонг важеше за втор највлијателен човек во земјата. Тој последен пат е виден на почетокот на септември на гала вечера, а според пишувањето на јужнокорејските медиуми не се знае дали е сеуште жив.

Отакако ја презеде власта во Северна Кореја во 2011 година, Ким Јонг Ун брутално го отстрануваше секој кого го смета за закана по својата власт или секој што му се спротивставил и го преиспитувал неговиот авторитет.

Не ги поштеди ниту членовите на сопственото семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top