| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешната цимерка за Меланија откри: Ова е нешто што не можеше да го надмине!

Плејбој зајачицата Викторија Силвстед е поранешна цимерка на Меланија Трамп и откри тајна која многумина не ја знаат за првата дама на САД.

Тие живееле заедно во 1997 година во Париз и откри зошто Меланија има лош акцент кога зборува англиски, и зошто во нејзиниот говор и понатаму доминира балканскиот нагласок.

Нејзината поранешна цимерка вели дека тоа е поради тоа што таа била многу тивка и повлечена.

– Никогаш не сакаше да привлекува внимание, секогаш беше тивка и повлечена. Тој лош акцент е поради тоа што не го користеше англискиот активно, не сакаше многу да разговра, за да може да се подобри – рекла Викторија.

-Таа се уште е истата. Сака луксузни работи и уште го има тој лош нагласок во зборувањето – додала Викторија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top