„Звукот на идната генерација“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија и седум студенти од Факултетот за музичка уметност-Скопје.
Ќе настапат студентите: Анастасија Грговска – пијано, Томе Костовски – пијано, Динко Стипаничев – контрабас, Симон Поповски – виолина, Стефан Илиев – труба, Богдана Бушевска – флејта и Александра Илиева – саксофон.
Избрани се по пат на аудиција и ќе изведат дела од Чајковски, Хачатуријан, Ботесини, Прокофјев, Енеску, Ибер, Мијо.
Оркестарот на Македонската филхармонија ќе го води диригентот Сашо Татарчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.