| четврток, 6 декември 2018 |

Брутална порака од навивачите за Донарума: 6 милиони евра годишно и договор за братот паразит, сега е готово, оди си

Милан успеа летово да го задржи Џиџи Донарума во своите редови, но слабите резултати на „росонерите“ ги засилија шпекулациите дека неговиот менаџер Мино Раиола ќе се обиде што побрзо да му обезбеди трансфер на младиот голман во друг клуб.

Не се чекаше предолго за прва реакција на фановите на Милан, поточно на ултрасите кои на дуелот со Верона реагираа на последните шпекулации дека Донарума е незадоволен и размислува дефинитивно да си замине.

– Морално насилство, 6 милиони евра годишно и договор за братот паразит? Сега е готово, оди си, нашето трпение заврши, стоело на транспарентот на фановите на „Сан Сиро“ кои не заборавија да го потсетат младиот голман дека како дел од договорот го доведе и својот брат во редовите на Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top