| четврток, 6 декември 2018 |

И Јакупи поднесе оставка од ДИК

Членот на Државната изборна комисија (ДИК) предложен од ДУИ, Субхи Јакупи, поднесе оставка, слично како и неколку негови колеги од Комисијата, откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК зеле високи надоместоци за последните неколку изборни циклуси, а беше покрената и интернет-петиција која бараше нивна оставка.

Претходно, претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите на Комисијата предложени од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, исто така, поднесоа барања за престанок на функцијата до собраниската архива.

Мандатот на овој состав на комисијата истекува во 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top