Членот на Државната изборна комисија (ДИК) предложен од ДУИ, Субхи Јакупи, поднесе оставка, слично како и неколку негови колеги од Комисијата, откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК зеле високи надоместоци за последните неколку изборни циклуси, а беше покрената и интернет-петиција која бараше нивна оставка.
Претходно, претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите на Комисијата предложени од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, исто така, поднесоа барања за престанок на функцијата до собраниската архива.
Мандатот на овој состав на комисијата истекува во 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст