Три лица биле полесно повредени во две од вкупно осум сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест незгоди била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и четири возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи не дале првенство на минување.
Од сообраќај биле исклучени четири лица кои го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и четири возила кои биле нерегистрирани. Затекнати биле 84 непрописно паркирани возила, a со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 83 возила.
Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ и четврто одделение во ООУ „Ристо Крле“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Гази Баба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Едно лице потешко, три полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Девет сообракајќи во Скопје, четворица полесно повредени
-
Четири лица тешко повредени во 14 сообраќајки вчера во Скопје
-
Минатата година 155 животи згаснале на сообраќајниците низ Македонија, најмногу сообраќајки за време на викендот