Мажот Раимундо боледува од бизарна болест поради која неговото тело се претвора во „слон“.
Пред 20 години тој добил кобен убод од комарец кој го заразил со паразитска инфекција лимфна филароза позната како „елефантијаза“, пренесе Кликс.
Оттогаш тој се бори со инфекцијата и набљудува како ногата му се деформирала. Поради тоа тој е речиси парализиран.
Инфекцијата му предизвикува „набрекнување“ на екстремитетите или гениталиите. Исто така им нанесува голема штета на бубрезите и лимфните јазли иако нема надворешни симптоми.
Поради болеста луѓето неможат повеќе да работат, а доколку не се лекува може да биде кобна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.