| четврток, 6 декември 2018 |

Дождовни црви и сенилни слонови

 

 

Роден на: 23 април 1953 година во Скопје

Образование: Правен факултет во Скопје

Професија: Новинар

 

Љубомир Костовски – ако ништо не ви значи името на овој човек, сигурно сте слушнале за проектот на УСАИД Сервис за проверка на факти. Љубомир Костовски е човекот кој стои зад овој проект, а американските пари стојат зад сдсмовските гласници.

Костовски не е нов во новинарството, напротив, но работел главно во пишаните медиуми, а тие по правило се „пера во сенка“. Сега, откако сликата е појасна, вреди да се спомне дека Љубомир Косотвски е член на ад хок телото за контрола на медиумите или како и да се вика тој вештачки медиумски џелат создаден наменски за последниве избори.

Овој човек, кој, според она што го анализира на Сервисот, не чита опозициски медиуми и не гледа Телма, пее по нотите на „Бихаќка“. А од таа нотна тетратка излегуваат истите рефрени кои го опеваат ништавилото на македонскот народ. Од „стадото овци“ на Пендаровски, преку амебовидните споредби на армија слепи следбеници на заевизмот до дождовните црви на Костовски. Во тој опсег треперат гласните жици во ритамот на Бихаќката симфонија.

Да не се враќаме многу наназад во времето, а можеме, зашто ваквите навреди на македонскиот народ не се спорадични истрели, туку рафални истрели на изродените од родот свој, ќе потсетиме на изјавата на исламскиот радикал, но член на ЦО и ИО на СДСМ Мухамед Зекири. За него половина милион Македонци, кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ се несвесна маса.

-Се случи феномен, Албанците се најголемите добитници на изборите во Македонија. Кога велам така, велам затоа што Албанците испишаа историја. Доколку не беа Албанците кои што гласаа за опцијата за СДСМ, денеска Груевски и неговата партија која е позната како националистичка ќе имаа над 60 пратеници. Затоа од таа причина Албанците покажаа и напишаа историја и покажаа дека се посвесни од поголемиот дел на македонскиот народ тука во оваа држава, вели Зекири во емисија на косовски медиум.

Веднаш по него и членот на СДСМ во ад хок телото за медиуми напиша дека македонските гласачи за разлика од албанските имале меморија како дождовни црви. Чудесно, во стотици милиони долари, Албанците станаа подобри Македонци од Македонците.

„Груевски се враќа кон првобитната пропагандна шема, која се отфрли во последен миг, по која за сѐ кај нас се виновни странците и нивните интереси. Но, албанските гласачи, за разлика од македонските, немаат меморија на дождовни црви“, напиша тој во Глобус. Ако Албанците се слонови, како што сугерира Костовски, мора да се со селективна меморија или сенилни, зашто очигледно го заборавиле времето на бихаќкиот идеолог Фрчкоски.


Текстот е објавен во рубриката Личност на неделата во 225 број на неделникот „Република“, кој излезе од печат на 23 декември 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top