Откако почна да се забавува со американската актерка Меган Маркл, со која неодамна и се сврши, принцот Хари се откажа од повеќето свои лоши и нездрави навики.
Љубовта на прицот Хари се чини делува многу добро, го поттикнува на подобро однесување и поздрави навики.
Неговата свршеничка Меган Маркл, со која во мај наредната година планира кралска венчавка, позната е по изразито активниот и здрав начин на живот.
Така од недамна и 33 годишниот британски наследник може да се види во редовни тренинзи со приватен тренер на улиците на Лондон и тоа во рана зора, а освен тоа медиумите пишуваат дека Меган го поттикнала да престане со пушењето.
Во нивниот заеднички дом, Нотингем Котиџ, кој се наоѓа на поседот на Кенсингтонската палата, пушењето е и официјално забрането.
-Хари прво вети дека нема да пуши дома. Рече дека тоа не е убаво поради Меган, која е непушач. Набрзо после тоа престана да пуши и сето тоа благодарение на Меган – рекол извор близок на славниот пар.
Иако во моментов се разделени, бидејќи убавата бринета неколку недели ќе помине во Лос Анџелес кај мајка и, изворот наведува дека Хари се уште ги почитува правилата за непушење дома.
Идната војвотка Меган малку пред Божиќ ќе се врати во Британија каде со кралското семејство ќе ги помине празниците, а после ќе оди на краток одмор со свршеникот пред да започнат финалните подготвки за венчавката на годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расте од ден во ден: Нови фотографии од бремената Меган Маркл!
-
Надвор од протоколот: Меган размислува да се породи дома!
-
Не можела веќе да издржи: Помошничката на Меган која даде отказ, откри страшни детали за кралското семејство!
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти