| четврток, 6 декември 2018 |

Семејна драма во велешко: Со дрво му ја скршил влезната врата на внукот, па му се заканувал дека ќе го убие

Во село Мамутчево, Велешко, синоќа, околу 10 минути по полноќ, пред куќата на 41-годишниот Д.С. дошол неговиот чичко З.С. од истото село, кој со дрво и со употреба на физичка сила ја искршил влезната врата и на висок тон упатувал закани по живот кон оштетениот и неговото семејство.

Од страна на полициски службеници, З.С. бил приведен и задржан во Полициската станица во Велес.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top