| четврток, 6 декември 2018 |

Од вечерва на полноќ, поскапуваат горивата!

Oд вечерва на полноќ ќе полниме поскапи бензини и дизел гориво.

Имено, во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 0.74 проценти. Цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 0.5 денари и еден литар од овие горива ќе чини 66.00 односно 67.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 0.50 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 54.50 денари.

Новите цени ќе важат следните две седмици. До крајот на годината ќе имаме уште една рекалкулација на цените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top