| четврток, 6 декември 2018 |

Саудиска Арабија дозволи отворање кино-сали во 2018 година

Саудиска Арабија денеска објави дека ќе дозволи да се отворат кино-сали. Најверојатно првите кина во конзервативната монархија ќе бидат отворени на почетокот на следната година.

– Комисијата за аудиовизуелни медиуми го започна процесот за лиценцирање на кино-салите во монархијата, изјави министерот за култура и информации Ауад бин Салих ал Ауад.

Тој додаде дека првите кино-сали треба да бидат отворени во март 2018 година.

Во Саудиска Арабија кината се забранети од 1980-те по бран ултраконзерватизам во државата.Западни медиуми јавуваат дека тоа ќе бидат првите кина што ќе се отворат по повеќе од 35 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top