Македонскиот репрезентативец Дејан Георгиевски, денеска успеа да го освои златниот медал на Европското првенство во таеквондо кое се одржува во Софија, Бугарија. Георгиевски настапуваше во олимписката дисциплина +80 килограми, а на патот кон златото успеа да совлада четири противници.
Во првото коло е совладан Италијанецот Милани, во второто Турчинот Јуксел, во четвртфиналето Георгиевски беше подобар од германскиот репрезентативец Унлусој. Во полуфиналето беше совладан Шелест од Украина, а во големото финале, македонскиот претставник го изненади фаворизираниот Русин, Јури Кириченко.
Големиот успех на Георгиевски го приближува до можниот настап на ЛОИ во 2020 година, а на официјалната страница на првенството неговиот резултат е посебно истакнат како пријатно изненадување и намалување на руската доминација во Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.