87-годишната Ј.Т. вчера пријавила дека истиот ден околу 11 часот на улицата “Народен Фронт“ во Центар од страна на непознато лице била измамена, односно и биле одземени 30.000 денари.
– Измамата сторителот ја извршил на тој начин што откако таа ја извадила пензијата од банка, во еден момент била сопрена од него, а тој на вратот носел некаков беџ, при што и рекол дека бил вработен во банката од каде ги извадила парите, односно дека треба да ги провери парите бидејќи наводно биле фалсификат, информираат од полицијата.
Оштетената ги извадила парите од ташната и му ги дала, а во еден момент непознатото лице со трчање избегало од местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.