| четврток, 6 декември 2018 |

Коха: Време е за нова територијална поделба

За време на предизборните кампањи, не само за локалните избори туку и за парламентарните избори – политичките партии постојано ветуваат раст на ДДВ и еднаков регионален развој, но кога се на власт – тие ги менуваат јавните ставови, не правејќи многу за децентрализацијата и економскиот развој.

Партиите на власт – СДСМ, ДУИ и АА ветија раст на ДДВ за општините за 14 отсто и истовремено се обврзаа да го зголемат личниот данок и правилно да го имплементираат Законот за еднаков регионален развој, односно рационална распределба од 1% од бруто домашниот производ за општините, пишува весникот на албански јазик Kоха.

Според Коха, како резултат на континуираниот недостиг на интерес на Владата уште од територијалната поделба во 2004 година за да им помага на општините, дали преку зголемување на ДДВ или преку рамномерен регионален развој, предизвика многу општини да неможат да постојат со капацитетите што ги имаат, да неможат да излезат од долгови и да ги зголемат своите капацитети во сферата на урбанизмот, образованието, културата, спортот, социјалните центри. Континуираната перцепција на многу експерти од локалната власт е дека е потребна нова територијална поделба или да се промени пристапот на Владата кон локалната самоуправа за директно да ги помогне со финансиските средства за да се развијат. Поранешниот градоначалник на Гостивар и поранешен министер за локална самоуправа, Невзат Бејта, вели дека е време да се отвори дебата за промена на Законот за територијална поделба. Во овој момент, Бејта предлага да се преполови бројот на општините и да се зајакне моќта на општината.

„Дури и пред последната територијална поделба што се случи во 2004 година, имаше отстапки. Тие направија да многу општини да неможат да функционираат – особено руралните општини. Логиката и моето искуство како поранешен градоначалник на општина Гостивар и поранешен министер за локална самоуправа, вели дека е време да се отвори дебата за изменување и дополнување на Законот за територијална поделба. Мислам дека бројот на општините треба да се преполови – да нема повеќе од 40 општини, како и да се работи на зајакнување на позицијата на градоначалникот. Граѓаните знаат дека високи позиции имаат премиерот и министерот, но тие треба да бидат поврзани повеќе со позицијата градоначалник и на изборите ќе можат да направат подобра процена во изборот на кандидатите и во оценувато на работата или неработењето на секој, и секој кој не ги исполнил обврските, да сноси правна одговорност, а не само политичка“, вели за весникот Коха, Невзат Бејта. Во однос на зголемувањето на ДДВ за општините, Бејта укажува на тоа дека Владата треба да ги следи моделите на западните земји кои, според него, имале успех во рамномерениот регионален развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top