| четврток, 6 декември 2018 |

Котески: Донации има, но од нив не се живее

Интервју со генерал Горанчо Котески, началник на Генерал штаб на АРМ, објавено во 40-от број на неделникот „Република“ (7 јуни 2013)

Поранешното воено аташе во македонската амбасада во Берлин е војник од кариера којшто со доаѓањето на чело на АРМ воведе јасни и прецизни правила на игра. Армијата има за цел да ја брани државата, но поради новите глобални трендови и да ја претставува во светот. Генералот Котески успева да ги исполни и двете цели. Во интервју за „Република“ тој говори за актуелната состојба во која се наоѓа македонската армија и нејзините војници.

 

Ге­не­ра­ле Ко­те­ски, што ви ве­лат ва­ши­те ко­ле­ги ко­га се сре­ќа­ва­те и раз­го­ва­ра­те со нив? Се раз­би­ра, вој­ни­ци­те мо­ра­ат да ги слу­ша­ат ци­вил­ни­те по­ли­тич­ки од­лу­ки, но кој е ста­вот на ва­ши­те ко­ле­ги ге­не­ра­ли ко­га раз­го­ва­ра­те при­ват­но на оваа те­ма? Ја раз­би­ра­ат ли на­ша­та фру­стра­ци­ја?
Котески: Се раз­би­ра де­ка по­ли­ти­ча­ри­те тре­ба да до­не­сат од­лу­ка за по­ли­тич­ки­те пра­ша­ња во од­бра­на­та. Но, сме­там де­ка мо­ра да се сог­ле­да и раз­мис­лу­ва­ње­то на во­е­ни­те суб­је­кти, осо­бе­но ко­га се ра­бо­ти за во­е­ни пра­ша­ња.

Ко­га раз­го­ва­рам со мо­и­те ко­ле­ги, не са­мо што ја раз­би­ра­ат на­ша­та фру­стра­ци­ја, ту­ку нај­го­ле­ми­от дел од нив по­са­ку­ва­ат да се нај­де ре­ше­ние. Си­гу­рен сум де­ка ме под­др­жу­ва­ат во гра­ни­ци­те на нив­ни­те ов­ла­сту­ва­ња и мож­но­сти и не игра­ат двој­на уло­га прос­ле­де­на со его­и­зам. Тоа што е нај­важ­но, ко­ле­ги­те од НАТО це­лос­но нѐ под­др­жу­ва­ат во де­лот од пра­ша­ња­та за кои тие до­не­су­ва­ат од­лу­ки.

Ма­ке­до­ни­ја го по­ми­ну­ва и 14. ак­ци­ски план за влез во НАТО, што е сво­е­ви­ден ре­корд. Има ли смис­ла сѐ уште да се ис­пол­ну­ва­ат овие пла­но­ви ко­га е јас­но де­ка по­ли­ти­ка­та, по­точ­но грч­ки­от став, е пре­су­ден за на­ше­то членс­тво во НАТО?
КотескиВо оваа при­го­да са­кам да по­тсе­там де­ка при­е­мот во НАТО е, пред сѐ, по­ли­тич­ка од­лу­ка, а се­то тоа што е по­стиг­на­то до­се­га во од­бра­на­та е плод на на­пор­на ра­бо­та. Под­го­то­вка­та за влез во НАТО за се­ко­ја др­жа­ва-ас­пи­рант е иск­лу­чи­тел­но сло­жен и се­ри­о­зен про­цес во кој по­крај ин­сти­ту­ци­и­те што се над­леж­ни за пра­ша­ња­та од од­бра­на­та, се тре­ти­ра­ат ре­чи­си си­те по­ри на оп­штес­тво­то. Мо­ра да се ка­же де­ка Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ус­пеш­но го изо­ди овој пат низ кој од стра­на на али­јан­са­та бе­ше ске­ни­ра­на во се­кој неј­зин сег­мент. Нај­го­ле­ма­та оцен­ка за нас бе­ше ко­га на ,,фа­моз­ни­от“ са­мит на НАТО во Бу­ку­решт бе­ше об­ја­ве­но де­ка Ма­ке­до­ни­ја ги ис­пол­ни ус­ло­ви­те за пол­но­прав­но членс­тво, но, се­пак, од поз­на­ти при­чи­ни не до­би по­ка­на.

Тоа е пра­ви­ло, тоа е кри­те­ри­ум. Сѐ до­де­ка не ста­не­ме член­ка на НАТО ние мо­ра да го сле­ди­ме овој про­цес. Ако не го спро­ве­ду­ва­ме овој про­цес, мо­же да се до­ве­де­ме во не­при­јат­на си­ту­а­ци­ја.

Ка­ко би ги спо­ре­ди­ле ве­шти­ни­те со кои рас­по­ла­га­ат на­ши­те вој­ни­ци со дру­ги­те за кои има­те ин­фор­ма­ции? Го­лем број вој­ни­ци од АРМ до­би­ја ви­со­ки ме­да­ли од стран­ски зем­ји.
КотескиНе би са­кал да да­вам оцен­ка за обу­че­но­ста на при­пад­ни­ци­те на стран­ски­те ар­мии, но мо­жам да ка­жам де­ка из­ми­на­ти­ве го­ди­ни стан­дар­ди­те во обу­ка­та ги гра­дев­ме со по­све­те­ност, уче­ње и со усо­вр­шу­ва­ње од нај­со­вре­ме­ни­те ар­мии-член­ки на НАТО. Се­то тоа што сме го на­у­чи­ле и при­фа­ти­ле сме го по­твр­ди­ле во пра­кти­ка на за­ед­нич­ки­те веж­би и, се­ка­ко, при из­вр­шу­ва­ње­то на ми­си­и­те пред­во­де­ни од ОН, НАТО и од ЕУ. За ре­ла­тив­но кра­ток вре­мен­ски пер­и­од ус­пе­ав­ме да из­гра­ди­ме ар­ми­ја со пер­со­нал што по­се­ду­ва ви­со­ки про­фе­си­о­нал­ни, струч­ни и мо­рал­ни ква­ли­те­ти што беа пре­поз­на­е­ни и на ме­ѓу­на­ро­ден план. Тоа ни овоз­мо­жи, пред сѐ, рам­но­прав­но да ги спо­де­лу­ва­ме пре­диз­ви­ци­те со ар­ми­и­те што се дел од го­ле­мо­то се­мејс­тво на али­јан­са­та.

Goranco-Koteski-3-18-godini-volci-(7)

Спо­ред про­цен­тот на ма­ке­дон­ски вој­ни­ци во спо­ред­ба со бро­јот на жи­те­ли во ми­си­и­те во Авга­ни­стан, Ирак, Ли­бан и Бос­на, Ма­ке­до­ни­ја е на ви­со­ко­то тре­то ме­сто ме­ѓу си­те член­ки на НАТО. Кол­ку вој­ска има Ма­ке­до­ни­ја и кол­ку од неа е над­вор од зем­ја­та?
КотескиВо мо­мен­тов АРМ учес­тву­ва во три ми­сии, со 164 при­пад­ни­ци. Во ми­ров­на­та ми­си­ја во Авга­ни­стан АРМ учес­тву­ва со 150 при­пад­ни­ци, во ми­си­ја­та АЛТЕА во БиХ учес­тву­ва­ме со 11 при­пад­ни­ци и со еден при­пад­ник на АРМ учес­тву­ва­ме во ми­си­ја­та на ОН УНИФИЛ во Ли­бан.

Одам­на не сме чу­ле за го­ле­ма на­ба­вка или за тен­де­ри за на­ба­вка на оруж­је во АРМ. Ка­ко се сна­о­ѓа­те, со до­на­ции или па­ри­те од др­жав­ни­от бу­џет се до­вол­ни? За­до­вол­ни ли сте од бу­џе­тот со кој рас­по­ла­га ар­ми­ја­та?
КотескиВо пос­лед­ни­те три-че­ти­ри го­ди­ни бу­џе­тот во од­бра­на­та кон­ти­ну­и­ра­но се на­ма­лу­ва. Ова на­ма­лу­ва­ње се дол­жи на еко­ном­ска­та кри­за не са­мо во РМ ту­ку и во це­ли­от свет, што ди­рект­но вли­јае на стан­дар­дот на при­пад­ни­ци­те на АРМ. Се­гаш­ни­те фи­нан­си­ски средс­тва во бу­џе­тот се до­вол­ни за одр­жу­ва­ње на опре­ма­та и на тех­ни­ка­та со ко­ја рас­по­ла­га­ме, но не се до­вол­ни и за мо­дер­ни­за­ци­ја на АРМ.

АРМ изра­бо­ти план за мо­дер­ни­за­ци­ја на АРМ и го пре­зен­ти­ра­ше пред над­леж­ни­те ин­сти­ту­ции и авто­ри­те­ти. По­стои жел­ба и под­др­шка да се поч­не со ре­а­ли­за­ци­ја на овој план. Оче­ку­вам де­ка оваа од­лу­ка ќе би­де до­не­се­на и ќе би­де по­зи­тив­на во ко­рист на АРМ и во ко­рист на др­жа­ва­та. Сме­там де­ка овие акви­зи­ции, имај­ќи ја пред­вид на­ша­та еко­ном­ска моќ, е до­бро да се ре­а­ли­зи­ра­ат со отп­ла­та на по­ве­ќе го­ди­ни.

Поз­на­то ви е де­ка ор­га­ни­за­ци­ја­та на на­ба­вки­те е во це­лос­на над­леж­ност на МО. По­ра­ди спе­ци­фич­но­ста сме­там де­ка си­сте­мот за на­ба­вки во МО тре­ба да се раз­ли­ку­ва во од­нос на за­кон­ски­те одред­би за на­ба­вки во дру­ги­те ми­ни­стерс­тва и во тој кон­текст се по­треб­ни за­кон­ски из­ме­ни.

До­на­ци­и­те се до­бре­дој­де­ни, но не се жи­вее од нив. Мо­ра да вло­жу­ва­ме во од­бра­на­та, мо­ра да вло­жу­ва­ме во мо­дер­ни­за­ци­ја­та за­тоа што со тоа вло­жу­ва­ме во ид­ни­на­та на на­ша­та др­жа­ва. Под­го­то­вки за од­бра­на и за мо­дер­ни­за­ци­ја се вр­шат во мир­но­вре­мен­ски ус­ло­ви, а не ко­га сте при­ну­де­ни на тоа. Од­бра­на­та, без­бед­но­ста, ми­рот не­ма­ат це­на. Ко­га еден чо­век е бо­лен единс­тве­но што ба­ра и му е по­треб­но е здрав­је­то. Ко­га ед­на др­жа­ва ќе го за­гу­би те­ри­то­ри­јал­ни­от су­ве­ре­ни­тет и ин­те­гри­тет, то­гаш пра­шу­ва за од­бра­на­та и за без­бед­но­ста.

Има ли смис­ла Ма­ке­до­ни­ја да про­дол­жи да тро­ши се­ри­оз­ни ре­сур­си и фи­нан­си­ски и тех­нич­ки и ка­дров­ски на опе­ра­ции во све­тот ко­га во исто вре­ме не­кои на­ши со­се­ди, кои има­ат по де­сет па­ти по­го­лем бу­џет за ар­ми­ја­та и за во­о­ру­жу­ва­ње, во исти­те опе­ра­ции одат са­мо со ме­ди­цин­ски ти­мо­ви или со ти­мо­ви за ло­ги­сти­ка?
КотескиИс­пра­ќа­ње­то при­пад­ни­ци на АРМ во ми­сии над­вор од Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е по­ли­тич­ка од­лу­ка и, ка­ко што е поз­на­то, се до­не­су­ва во Со­бра­ни­е­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Јас ка­ко на­чал­ник на Ге­не­рал­шта­бот на АРМ мо­жам да кон­ста­ти­рам де­ка искус­тво­то со кое се здо­бив­ме и на­у­че­ни­те лек­ции не­ма­ат це­на. Исто та­ка, од по­ли­тич­ки ас­пект, кон­крет­ни­от при­до­нес што Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја го да­де из­ми­на­ти­ве еди­на­е­сет го­ди­ни во бор­ба­та про­тив гло­бал­ни­от те­ро­ри­зам, ка­ко и во актив­но­то учес­тво во ко­ле­ктив­ни­те си­сте­ми за од­бра­на и за без­бед­ност, се од огром­но зна­че­ње. Тоа бе­ше истак­на­то и во обра­ќа­ња­та на ли­де­ри­те на клуч­ни­те зем­ји–член­ки на НАТО, кои ни од­да­доа со­од­вет­но приз­на­ние. Учес­тво­то во ми­си­и­те бе­ше и сѐ уште е нај­до­бри­от на­чин Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја на си­те су­штин­ски по­ли­тич­ки суб­је­кти да им ја по­ка­же сво­ја­та цвр­ста­та опре­дел­ба за актив­но членс­тво на др­жа­ва­та во али­јан­са­та, ка­ко пој­дов­на ос­но­ва, за што сѐ уште по­стои и огром­на под­др­шка и од стра­на на гра­ѓа­ни­те.

Goranco-Koteski-2-besimi-veljanovski-ivanov-gruevski-koteski-2-copy

Ка­ко се фи­нан­си­ра­ат опе­ра­ци­и­те на АРМ во Авга­ни­стан, на при­мер? Мно­гу­ми­на сме­та­ат де­ка си­те тро­шо­ци се по­кри­ва­ат од НАТО и де­ка АРМ та­му ис­пра­ќа са­мо вој­ни­ци.
КотескиВо од­нос на ова пра­ша­ње, би са­кал да истак­нам де­ка дел од фи­нан­си­ски­те тро­шо­ци за учес­тво во ми­ров­ни­те ми­сии па­ѓа на то­вар на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а дел на зем­ји­те во чиј­што со­став сме.

Де­та­ли­те за на­чи­нот на фи­нан­си­ра­ње се про­пи­шу­ва­ат во ме­мо­ран­ду­мот за раз­би­ра­ње ка­де што се пре­ци­зи­ра кој дел од фи­нан­си­ски­те тро­шо­ци се на то­вар на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а кој дел от­па­ѓа на др­жа­ва­та во чиј­што со­став се упа­ту­ва­ат на­ши­те вој­ни­ци. Во кон­крет­ни­от слу­чај, со ми­ров­на­та ми­си­ја­та во Авга­ни­стан де­лот за па­ри­чен на­до­мест не­пред­ви­де­ни тро­шо­ци и хра­на се од­го­вор­ност на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, до­де­ка стра­те­ги­ски­от транс­порт, здрав­стве­на­та за­шти­та и одр­жу­ва­ње­то на тех­ни­ка­та и на опре­ма­та се во над­леж­ност на Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја.

На­чи­нот на фи­нан­си­ра­ње на ми­ров­ни­те ми­сии е раз­ли­чен за се­ко­ја ми­си­ја.

Кол­ку е под­го­тве­на АРМ за еле­мен­тар­ни не­по­го­ди?
КотескиУпо­тре­ба­та на АРМ во ус­ло­ви на еле­мен­тар­ни не­по­го­ди, во сог­лас­ност со за­ко­ни­те, е де­фи­ни­ра­на во рам­ки­те на аси­стен­ци­ја­та на ин­сти­ту­ци­и­те што се над­леж­ни за дејс­тву­ва­ње при еле­мен­тар­ни не­по­го­ди. Ка­ко што ве­ќе спо­ме­нав, АРМ во из­ми­на­ти­от пер­и­од по­ка­жа де­ка има ка­па­ци­тет во ус­пеш­но со­о­чу­ва­ње со еле­мен­тар­ни не­по­го­ди. Ов­де ќе по­вто­рам за на­ше­то учес­тво во гас­не­ње по­жа­ри, со­о­чу­ва­ње со пос­ле­ди­ци од поп­ла­ви и од зем­јо­трес, до­ста­ву­ва­ње ху­ма­ни­тар­на по­мош и пре­хран­бе­ни ар­тик­ли по воз­ду­шен пат во ре­ги­о­ни­те за­ве­а­ни од снег, изв­ле­ку­ва­ње и по­мош на бол­ни и не­под­виж­ни ли­ца, ка­ко и чи­сте­ње на реч­ни­те ко­ри­та.

Но, мо­ра да се наг­ла­си де­ка ова не е при­о­ри­тет­на ми­си­ја на Ар­ми­ја­та и де­ка таа при из­вр­шу­ва­ње­то на овие за­да­чи, по­крај упо­тре­ба­та на чо­веч­ки­те ре­сур­си, упо­тре­бу­ва средс­тва, ме­ха­ни­за­ци­ја и тро­ши средс­тва и по­гон­ско го­ри­во, кои не се пред­ви­де­ни за из­вр­шу­ва­ње на овие за­да­чи. Сме­там де­ка во на­ред­ни­от пер­и­од тре­ба мно­гу по­ве­ќе да се ра­бо­ти на зац­вр­сту­ва­ње на ин­сти­ту­ци­и­те, чи­ја­што ос­нов­на за­да­ча е со­о­чу­ва­ње со еле­мен­тар­ни не­по­го­ди, а АРМ да се ан­га­жи­ра ко­га, на­ви­сти­на, има по­тре­ба за тоа, од­нос­но во ус­ло­ви на не­по­го­ди од по­го­ле­ми раз­ме­ри или на не­при­стап­ни пре­де­ли и слич­ни со­стој­би.

Са­кам да по­ра­чам де­ка АРМ се­ко­гаш ќе ги ста­ва сво­и­те ка­па­ци­те­ти на рас­по­ла­га­ње ко­га се ра­бо­ти за еле­мен­тар­ни не­по­го­ди во др­жа­ва­та за­тоа што се ра­бо­ти за на­ша­та та­тко­ви­на, но и вие сте све­до­ци де­ка во ус­ло­ви на огра­ни­че­ни фи­нан­си­ски средс­тва, се­ко­ја ин­сти­ту­ци­ја тре­ба да на­сто­ју­ва до­де­ле­ни­те средс­тва да ги тро­ши до­ма­ќин­ски и на­мен­ски.

Ка­ко по­ра­не­шен во­ен ата­ше, ка­ко гле­да­те на во­е­на­та дип­ло­ма­ти­ја?
КотескиПред сѐ, ние има­ме до­бар раз­вој и ус­пех во во­е­на­та дип­ло­ма­ти­ја. Но, се­ко­гаш има про­стор да би­де­ме по­до­бри. Сме­там де­ка во­е­на­та дип­ло­ма­ти­ја е со­ста­вен и би­тен дел од др­жав­на­та дип­ло­ма­ти­ја.

Из­бо­рот и под­го­то­вки­те на во­е­ни­те прет­став­ни­ци тре­ба да би­дат се­оп­фат­ни. Ова по­точ­но по­драз­би­ра де­ка за во­е­ни прет­став­ни­ци тре­ба да се упа­ту­ва­ат ста­ре­ши­ни што има­ат бо­га­то вој­нич­ко искус­тво, кои за­вр­ши­ле со­од­вет­но обра­зо­ва­ние, кои се ло­јал­ни на ин­сти­ту­ци­ја­та и пред се­бе се­ко­гаш го има­ат ин­те­ре­сот на на­ша­та зем­ја.

Исто та­ка, сме­там де­ка во ид­ни­на е по­треб­но да се ис­пра­тат во­е­ни прет­став­ни­ци во НРК и во Ру­ска­та Фе­де­ра­ци­ја. Овие зем­ји се по­сто­ја­ни член­ки на Со­ве­тот за без­бед­ност, свет­ски си­ли и нѐ приз­на­ле под устав­но­то име. Исто та­ка, во кон­ти­ну­и­тет ус­пе­хот на во­е­на­та дип­ло­ма­ти­ја го гле­дам во да­ва­ње на­вре­ме­ни ин­струк­ции во од­нос на за­да­чи­те, но по­треб­но е и ре­ша­ва­ње на одре­де­ни ста­тус­ни пра­ша­ња на во­е­ни­те прет­став­ни­ци што има­ат вли­ја­ние на нив­на­та ра­бо­та.

Што друго е важно во Ар­ми­ја­та по–крај дисциплинаата. Колку е важна креативноста на луѓето што ја водат АРМ?
КотескиОд­го­вор­но­ста во ра­бо­та­та, ре­дот и дис­цип­ли­на­та се­ко­гаш мо­ра да би­дат за­ста­пе­ни во АРМ. Го ба­рам тоа по­ра­ди се­ри­оз­но­ста на за­да­чи­те и без­бед­но­ста на лу­ѓе­то и на тех­ни­ка­та. Но, исто та­ка, ба­рам при­пад­ни­ци­те на АРМ да би­дат кре­а­тив­ни во се­којд­нев­на­та ра­бо­та би­деј­ќи тоа го ба­ра­ат без­бед­нос­ни­те пре­диз­ви­ци и ди­на­ми­ка­та на жи­ве­е­ње не са­мо во во­е­на­та ор­га­ни­за­ци­ја, ту­ку и во жи­во­тот во­оп­што.

Разговараше: Горан Момироски
Фото: Ѓорѓи Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top